Во вторникот во 23.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.П.(35) од с.Мојанци, скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Имено, според пријавеното, во 19.00 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оградата, му се слошило и паднал, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.