На 08/09.01.2022 во периодот од 22,00 до 03,00 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат спровеле акциска контрола со која биле опфатени 4 угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје.

При контролата во две казина на тетовското подрачје биле затекнати 5 лица кои не поседувале сертификати за примена вакцина против Ковид-19, потоа еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож. На затекнатите лица како и на објектите во кои се затекнати ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Покрај ова соодветен поднесок ќе му биде изготвен и на угостителски објект во с.Врапчиште-гостиварско каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.