Полициски службеници од СВР Скопје во текот на вчерашниот и денешниот ден, во засилени мерки и активности за безбедно Скопје на повеќе од 20 локации легитимирале 126 лица, а кај 64 од нив извршиле и преглед.

Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли.

Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба. Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.