На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД, соопштија од Царинската управа.
Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.
Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.