Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, цени дека во 2021 полицијата постигнала сериозен успех во борбата против недозволена трговија со дрога.

Пресечени се 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената од 1.800 килограми наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра – објави Спасовски на социјалните мрежи.

 

Министерот наведува дека во 2022 година врвен приоритет и натаму ќе бидат борбата против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот и сајбер-криминалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.