Полицијата уапси две лица кои предизвикале пожар на возило на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 17:05 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода дваесет и седумгодишниот Б.Ш. и триесет и тригодишниот Ш. И, двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 8 декември лани на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово, соопшти СВР Куманово.
Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.