На 8 февруари, во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица.

Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива, кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина.

Нема повредени во пожарот, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.