Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 27,88%, а 72,12% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,99%, кон Итната медицинска помош 36,76%, а кон пожарникарите 6,72% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 5,53% со другите 72,12% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.380 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Пожари на шуми и вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало над десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Конкретно, противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од: БППЗ на Град Скопје во предел на с. Трубарево во с. Рашче изгорена и во с. Бразда; ТППЕ Прилеп кај с. Мажучиште и кај патот за Манастир Прилепец; ТППЕ Свети Николе кај с. Мустафино и во атарот на с. Немањици; ТППЕ Македонска Каменица кај с. Цера; ТППЕ Куманово во близина на депонијата „Краста“ и во атарот на с. Режановце; ТППЕ С. Нагоричане во атарот на с. Макреш; ТППЕ Ранковце во атарот на с. Псача, а ТППЕ Тетово дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции.

Инаку, пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација во ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, загаснеле депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми. Интервенирано е конбинирано, со ПП средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот.

За претстојниот викенд, ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги почитуваат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари.
ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во нашата прекрасна природа, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.
Итните случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.