Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил „пасат” на директорот на затворот „Идризово”, Зоран Јовановски. Инцидентот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода.

Скопската пожарникарна бригада интервенирала и го локализирала пожарот, а повредени лица нема.

Пожарот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот. Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Ова не е првпат да се врши притисок преку вандализам на вработени лица во затворот.

Повеќе фото на „Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.