Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел.

Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.