Во СВР Битола вчера во 11.12 часот било пријавено дека на ул.„Македонски гемиџии“ кај железнички премин за населба Боримечка во Битола, товарно моторно возило „волво“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од И.П.(43) од Демир Хисар, удрило во пешакот Љ.Т.(55) од Битола.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.