Вчера во 23:20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај село Долно Српци патничко моторно возило форд со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола (женско лице), удрило во Џ.Ф.(52) од Албанија.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.