Вчеравечер во 22:50 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А.Р. од струшко Долна Белица, излетало од коловоз и наднало во бездна.

Во несреќата, сопатникот во возилото З.А.(54), исто така, од Долна Белица се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, додека возачот и
другиот сопатник Б.И.(41) од струшко Велешта завршиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.