На 03.04.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атар на село Козбунар, радовишко, Л.К.(73) од село Штурово, радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди бил пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.