Забележано тело на давеник во Вардар кај Карпош.

Како што информираат од МВР, на 15.01.2023 во 11.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на пешачки мост на подрачјето на Карпош, во водите на река Вардар е забележано тело на давеник.

Полициски службеници и екипа од противпожарната единица Скопје излегле на местото, известени се ЦУК и ДЗС и се преземаат мерки за пронаоѓање и вадење на телото односно расчистување на случајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.