Во Штип е уапсен разбојник, кој во периодот од 27 август до 30 август ограбил две продавници и еден авотмобил во градот.

На 30.08.2022 во 08.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип, кој се сомничи дека ноќта помеѓу 27 и 28.08.2022 во Штип, со употреба на алат од продажен објект одзел повеќе предмети, а на 28.08.2022 во периодот од 16 до 17 часот на ул„Маршал Тито“ во Штип од незаклучено возило „мерцедес“, сопственост на П.М.(37) од Штип, одзел повеќе предмети. Исто така, на 08.08.2022 одзел предмет од продажен објект во Штип. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.