Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што санкционирани се 100 возачи.

Од нив 30 биле за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР, информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.