Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот во рамки на спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, санкционирани се 101 возач.
Како што информираа денеска од МВР, од нив, 27 на територијата на СВР Охрид, 16 на територија на СВР Тетово, по 11 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Битола и СВР Велес.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.