Во текот на вчерашното деноноќие, МВР на територија на град Скопје изрекла вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, десет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас…

Министерството потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.