Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територијата на градот изречени се вкупно 251 меркa, меѓу кои 136 за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што соопшти МВР, изречени се и 16 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за управување возило под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило и четири мерки за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.