При контроли на угостителски објекти во Струмица во само два дена затекнати се малолетници после полноќ како им се точи алкохол се вели во соопштението на СВР Струмица
Од таму додадаваат дека веравечер во координација со Државниот пазарен инспекторат се направило дополнителна контрола на повеќе угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници по полноќ, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат, пак, било издадено Решение за забрана за работа на истиот објект заради непочитување на работното време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.