Седми ден трае потрагата по Зојка Луковиќ, родена 1954 година, која излегла од својот дом во Драчево на 31 декември, околу 12 часот, по што ѝ се губи секаков траг.
Нејзиниот син Марјан за „Фокус” вознемирен од настанот раскажува дека мајка му немала здравствени проблеми и живееле заедно. Животот го поминала работејќи хонорарни работи, чувала стари лица, се борела да донесе парче леб како самохран родител.
Дента кога исчезнала носела црвена јакна и капа, и е ситна жена со црвена коса. Тој и се јавил на мобилниот околу 18 часот, и вели дека штом и го слушнал гласот знаел дека нешто не е во ред, па веднаш пријавил во полиција.
Мајка ми излегла од дома околу 12 часот. Се беше во ред со неа, немаше никаков проблем. Кога во 18 часот и се јавив да видам каде е и зошто не си доаѓа дома, таа не можеше да зборува на телефон. Ми одговори на повикот, кога ја прашував каде е, само нешто нејасно слушнав, сфатив дека нешто се случува и веднаш се јавив во полиција, раскажува тој.
Ова е втор случај во Драчево за девет месеци, како исчезнува жена со слична физиономија. Во март лани и се изгуби трагот на Виолета Крстевска Јаневска (60). Таа тргнала во оптика да си ги земе наочарите, и од тогаш ја нема.
Нејзината ќерка тогаш раскажа дека по неколку часа ѝ се исклучил и мобилниот телефон. Појаснуваше дека се работи за сериозна жена, која никогаш не би заминала од дома без збор, работела како сметководителка во Факултетот за безбедност, била со ситна градба, слаба, со црвена кратка коса.
Целата сторија на Фокус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.