Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека повторно, втор ден по ред, активирана е и воздухопловна поддршка за противпожарните тимови за пожарот на планината Сува Гора во шумата над селото Милетино во Општина Брвеница. Денеска дејствуваат два противпожарни авиони „Ер-трактори“ и еден полициски хеликоптер.
Имаме активно горење на неколку краци. Пожарот гори ниско по тревата низ зимзелена шума, борова шума, предизвикува штета. Се надевам дека дрвјата ќе преживеат и нема да бидат исушени. Рано утрово почнавме со гасење со два „Ер-трактори“ на ДЗС, а дополнително ќе биде ангажиран и еден полициски хеликоптер, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Пожарот изби вчера во текот на пладнето, попладне беше изгаснат од пожарникари, но и три „Ер трактори“ и хеликоптер, но ноќта повторно се разгоре.
И покрај обидите за контрола врз овој пожар, тоа остана неуспешно. Ветрот, кој постојано дува, го менува својот правец, како и поради и сува вегетација, како овие шишарки на земја, дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, изјави Ангелов.
Од разденување се работи на гаснење на пожарот, а интервенираат и вработени во ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Лешница“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.