Вреќа полна со евра била пронајдена покрај возилото кое во неделата излета од регионалниот пат Тетово – Попова Шапка. Во несреќата загина 80-годишниот возач од Австрија.
Случајот го пријавиле случајни мотоциклисти, а пожарникарите и полицијата пристигнале по 15 минути за да ја констатираат смрт на постариот маж од Виена.
Противпожарната служба потврди дека нашла пари, но рекоа дека се предадени на полицијата.
Брзо пристигнавме со тетовската полиција и со некои други возачи кои беа зад автомобилот и го видоа инцидентот. Ја видовме жртвата која беше надвор од автомобилот. Немаше сомнителни работи како алкохол или нешто опасно. Тоа беше длабок пад на автомобилот околу 150 метри. Жртвата беше надвор од автомобилот, работите исто така биле расфрлани надвор. Има и слики и работи што ги документиравме, видовме пари околу колата како српски динари, евра и денари . Во торба, според она што ги виделе останатите пожарникари, имало поголема сума на пари што ги имала жртвата. Поголема сума на евра, изјави за „Алсат“ Авни Амети, началник на ППБ – Тетово.
Од тетовската полиција велат дека сите пронајдени предмети моментално се во полициската станица Тетово. Засега е готов само прелиминарниот лекарски извештај, а како причина за смртта е наведено внатрешно крварење.
Но, од полицијата се уште немаат одговор каде претходно бил австрискиот државјанин, од каде дошол, со кого се сретнал и зошто му биле потребна оваа сума пари. За случајот се известени и Одделот за меѓународна полициска соработка, Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Австрија и Канцеларијата на Интерпол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.