Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово информираше дека вработените во полицијата денеска ќе го добијат надоместокот за годишен одмор за 2023 година.

Како што објави Спасовски, регресот изнесува 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.

Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, додаде првиот полицаец во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.