Полициска службеничка била турната од вработена во Собранието на Република Македонија. Според билтенот на МВР инцидентот се случил во средата н 5 април, а истиот бил пријавен два дена подоцна.

На 07.04.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 05.04.2023 околу 8:45 часот во Собранието на Република Македонија вработената С.Б. турнала полициска службеничка и ја попречувала во извршување на службени задачи како внатрешно обезбедување во Собранието.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.