Пијана негувателка од домот за доенчиња врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила. Народниот правобранител веднаш, влегол во домот во Битола, ја прочешлале целата документација со која се потврдува шокантниот случај што ја вознемири јавноста. Омбудсманот бара надлежното Министерство да преземе најстроги мерки, вработената најостро да се казни, а во иднина да се води поголема грижа за тоа какви лица се вработуваат во установите за згрижување на деца.
Во разговор со директорот и правникот, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени и констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи велат од институцијата за телевизија Алфа.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.