Полициски службеник е суспендиран и против него ќе биде покрената дисциплинска постапка бидејќи вознемирувал неколку ученички.
Настанот во полиција го пријавиле од средно училиште во Скопје.
На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, соопштија од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.