Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во периодот од 17 до 23.30 часот спроведена била засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје.
Како што посочуваат од МВР, при контролата се санкционирани 64 возачи, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест за возење со брзина поголема од дозволената, три возила се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.