На територија на Град Скопје вчера во спроведените сообраќајни контроли изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

– Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возење под дејство на алкохол…, информираа денеска од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.