Возачот и внукот на возачот на заменик министерот за култура, биле приведени во полициска станица во Тетово зошто влегле во вербална расправија со полицијата. Откако полициските службеници го сопреле возилото на внукот, тој се јавил да се жали па дошол и возачот на Сулејмани да интервенира. Според МВР тие ја попречиле работата на полицијата и им ја загрозиле безбедноста па биле приведени, а со нив и уште едно лице.

На 24.09.2024 година во 21:45 часот на улица ,,Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово поради загрозување на сигурност и спречување на службено лице во вршење на службени дејствија ги лишиле од слобода Н.М.(40) А.К.(35) и И.Ф.(33) сите од Тетово. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и прoтив нив ќе следува соодветен поднесок.

Откако во јавноста излегоа информации, дека и заменик министерот за култура Сулејмани, бил вчера вечер пред полициската станица, тој за Сител демантира- вели бил во кафулето пред полициската станица во Тетово. Се интересирал што се случува со неговиот возач, но не интервенирал и не го оправдувал неговото однесување.

Јавен обвинител треба да одлучи дали за тројцата приведени што се расправале со полицијата и ги попречиле во работата ќе има прекршочни или кривични пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.