Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(76) од с.Град, делчевско и патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(33) од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти МВР.

Возачот Н.Д. се здобил со телесни повреди, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.