Вчеравечер во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.

Како што соопшти денеска МВР, од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.