Вчераво 18.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат во гостиварски Градец, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(44) од с.Градец, удрило во застанато патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било запрено од Н.И.(46) од истото село.
Во несреќата, возачот Р.Б. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот во возилото „пасатот“, Н.Р. се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.