Возач на паркинг удрил во жена, па ја вратил дома, но откако почувствувала болки заминала во болница.

Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ е донесена повредена Р.В.(72) од Скопје која по извршениот разговор појаснила дека во 14.30 часот како пешак на паркинг на бул. „Партизански одреди“ била удрена од патничко моторно возило, по што лицето што го управувало возилото ја пренело до нејзиниот дом и си заминало, по што околу 17 часот Р.В. почувствувала болки и отишла на лекарски преглед, каде од лекар и се констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.