Утрово на бул. „Киро Глигоров“ во близина на ФОН се случиле две сообраќајни несреќи.

Според информациите на „Инфомакс“, едната несреќа се случила меѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски ознаки и едно непознато возило кое заминало од местото на сообраќајката, додека втората се случила меѓу автомобил и мотоцикл кој паднал пред камион.

Не се знае дали сообраќајните несреќи има повредени и загинати, повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.