Возач на БМВ без регистарски таблички синоќа прегазил жена на улицата Рузвелтова во Скопје и побегнал од местото на настанот, велат извори во полицијата, која излегла на самото место.
Состојбата на жената е критична и укажана ѝ е медицинска помош.
Побегнатиот возач на БМВ-то подоцна бил фатен од полицијата, велат полициски извори.
Засега нема официјални информации за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.