Во координирана акција во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ножеви, шрафцигери, пари и дрога, соопшти Министерството за првда.

Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот, а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО. При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи, стои во соопштението од Правда.

Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период.

Секое именувано лице доколку стори кривично дело злоупотреба на службената положба, ќе сноси одговорност, предупредуваат од Правда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.