Триесет и шест малолетници биле затекнати после полноќ во еден струмички локал противно на законот, а во друг угостителски објект им бил точен алкохол, констатирале полициски службеници. Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, трудовите инспектори утврдиле дека вработени во едниот објект немаат потребна документација.

„Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, одделот за криминалистичка полиција, оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци“, информираат во МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.