Вчера околу 09.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека при ископ со работна машина багер на тротоар на ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар, вработени во ЈП „Комуналец“ – Гостивар пронашле девет неиспукани гранати со калибар 100 мм кои потекнуваат од Првата светска војна.

Полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле увид со стручно лице – деминер од Дирекцијата за заштита и спасување, по што гранатите биле подигнати за понатамошна постапка, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.