Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции.

За возење под дејство на алкохол изречени се 33 мерки, додека 19 санкции се за возење без возачка дозвола.

 

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, пет за нерегистрирани возила – информираат од МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.