Во тетовското село Непроштено, синоќа во 20.25 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода А.С.(58), А.Б.(26), Ч.М.(21) и двајца малолетници, сите од тетовското село Селце.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., а останатите биле сопатници, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и остри предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.