Во сообраќајни контроли на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во главниот град биле санкционирани 107 возачи, од кои 27 за возење со брзина поголема од дозволената, шест за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.