Во координирана акција на Царината, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден на пазарите во Тетово и Скопје запленети се 235,5 килограми режан тутун за кој е избегнати плаќање акциза во вредност од над половина милион денари.

Од Царинската управа денеска соопштија дека во рамки на акцијата запленет е и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.

Акциите се дел од заедничките активности на институциите што се спроведуваат со цел спречување и пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа.

Посочуваат дека стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.