Пожарот на планината Серта во штипскиот дел е се уште ативен, вели вечерва за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов кој во моментов со екипа на пожарникари се враќа од неготинскиот дел на планината.
Тој вели дека според она што во моментов го гледаат на терен зафатен е големиот рид „Штракалево“. Појаснува дека станува збор за подрачје кое е меѓу штипското село Драгоево и воениот полигон Криволак.
Ридот каде што во моментов е огнената стихија во штипскиот регион е одалечен од селото Драгоево.
Но, како што вели Ренџов вечерва остануваат дежурни на ова подрачје, со цел да не излезе од контрола огнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.