Два случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа на територија на СВР Штип. Во билтенот на МВР се наведува дека денеска во раните утрински часови или поточно во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот Е.С. од Штип затоа што околу 01:40 часот во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вториот случај на семејно насилство е регистриран синоќа, кога маж ја нападнал поранешната партнерка во Штип.
-Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот штипјанец Д.С. затоа што околу 18:30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26-годишна партнерка од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.