Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен вчера го лишиле од слобода Б.Н.(75) од село Шурлинци, ресенско. Кај него, во дворното место во село Шурлинци е пронајдена поголема количина огревно дабово дрво, без жиг и испратница.

-Дрвната маса е одземена и предадена на Национални шуми Подружница Ресен, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.