Малолетен мотоциклист на улица „Тризла“ во Прилеп со мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп, која починала подоцна од повредите во болница.
Настанот бил пријавен вчера во прилепската полиција.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, објави СВР Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.