Поради сообраќајка на две возила, од 19 часот е во прекин сообраќајот на магистралата А3 Делчево – Македонска Каменица пред селото Бигла.

Според информации на полицијата, која во моментов врши увид на местото на настанот, едно лице е повредено и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во болница.

Сообраќајната несреќа се случила околу 18:30 часот. По завршување на увидот се очекуваат повеќе информации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.