Покривите на две куќи во Струмица на улицата „Крушевска Република“ целосно изгореа во страшен пожар кој бил пријавен во 10:55 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

Според информациите од Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале 6 против пожарни возила и 22 пожарникари.

-Пожарот е локализиран за еден и пол час. Зафатени се две куќи чии кровни конструкции се паднати како последица од пожарот. Две лица се повредени и се пренесени на лекување во струмичката болница, изјави Гудев.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи.

Фото: ТППЕ Струмица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.